Природното и културното наследство на Охридскиот регион да се стави на Листата на загрозено светско наследство препорачува УНЕСКО во Извештајот кој кој треба да биде разгледан на 43 сесија на Комитетот за културно наследство што од 30 јуни до 10 јуни ќе се одржи во Баку.
Во документот се нотирани бројни забелешки за негрижата на светското заштитено наследство во Охрид, пред се во областа на урбанизмот. Извештајот не е неповолен туку реален велат екологистите. Тие потсетуваат дека УНЕСКО уште во 2017 испрати препораки за мораториум на урбанизацијата на крајбрежјето, но и во внатрешноста, како и стопирање на легализација на дивоградбите, по кои не само што не постапено, туку и се игнорираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.