По одлуката на Комисијата од Министерството за култура, во состав: проф. Мирко Вујисиќ, проф. Тони Васиќ и Имер Бајрами на 58 Интернационална ликовна изложба во Венеција национален претставник на нашата држава оваа година да биде проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља, лавина реакции од уметниците и пошироката јавност.

Изборот е скандалозен, вели Марија Павловска, ликовен уметник кој конкурираше за национален претставник на нашата држава на Венециското биенале .

Таа посочува дека според конкурсот распишан од Министерството за култура уметникот треба да е лично поканет од колатералните центри на Венециско биенале и да има потврден простор. Веќе беше објавено дека проектот на Марија е веќе поканет од коларетален центар на Венециско биенале / ECC со покана од куратори на Соло проект-павилјон и даден централен простор во Центарот на Венеција, прв спрат, Palazzo Mora , 173m2 – Space A & Room 2 ( Piano Noble). Сето ова е како што посочиле кураторите „затоа што проектот заслужува внимание и локација“. Понудено е и спонзорство за покривање на просторот, бидејќи станува збор за големи финансиски сретства. Всушност ова и точно се бара во конкурост на Министерството за култура.

И другиот кандидат, Игор Јосифов со неговото дело е поканет од Венеција-Европски културен центар на групната изложба “Personal Structures” во Palazzo Mora и му е даден простор од 50m2.

Од друга страна во соопштението на Министерството за култура со кое се информираше јавноста за избраниот кандидат, не е посочено дали истиот има покана и соодветен простор како што бараат условите од конкурст на Министерствoто.

Од соопштението која вчера беше испратена до медиумите не може да се види дали Нада Прља, која е избрана да ја претставува Македонија на Венециското биенале е поканета од Фондација или куратори од колатерален центар или пак станува збор за сопственици на палатите кои ги изнајмуваат палатите, кои се едноставно „рентаџии“. Како што дознаваме во овој период кога најдобрите локации се веќе ангажирани во Венеција може да се најде само она што е останато последно слободно, некаков простор во ареата Канареџо, Капела на крај на Венеција, до марината или до – во гето кварт.

Тотално е несериозно да се постапува вака при изборот на национален претставник.

-Можеме да заклучиме дека има голема разлика меѓу сам да бараш и да наоѓаш простор и лична покана за Соло проект и посочена и дадена централна локација и простор, или покана на групна изложба. Има многу разлика…, објаснува Павловска.

Ова е конкурсот од Министерството за култура, каде пишува: „Уметникот треба да е поканет од страна на колатерален центар на Венециското биенале и има потврден простор од истата“.

Како што стои е официјалната покана за проектот и со посоченост за претставување на Павилјон од 58. Венециско биенале/ Curatorial Team и поддршка за централен простор ECC & GAA Foundation и носечка водечка институција-музеј- Art Centar, стои зад моето претставување: MANA Contemorary и светски познати куратори. Јас изложувајќи ги моите проекти и интернационално придонесувам за огромна афирмација на Македонија во светот и оттаму овој резултат и покана на Венециското биенале, посочува Павловска.

Во интерес на податоците кои ги содржи поканата од ECC фондацијата, таа не смее јавно да се објавува.

Шокантен е ваквиот избор. Дополнително како што знаеме што во последен момент е сменета комисијата. Професорот Мирко Вуисиќ ѝ бил професор на Нада Прља, кај кого дипломирала на ФЛУ, па е тој некако најблизок до нејзината работа. Исто така во одлуката не е наведено од која Фондација има таа покана и кој простор и колкав простор има обезбедено, име на Палатата, локација… ништо од тоа нема објаснето и наведено. Комесар на мојот проект е Музеј на Град Скопје, најискусниот и докажан со веќе 10 претходни павилјони на  Arte Biennial и Arhitecture Venice Biennial. Пред сѐ, бидејќи станува збор за спектакуларна лична покана од страна на куратори на 58 Венециско биенале, проектот е поддржан од водечкиот музеј во Њујорк, Muzej Mana Contemporary и го води нивниот главен куратор што продонесува за огромна и силна афирмација за нашата земја. Поради сето ова несомнено беше како високо квалификуван и докажан и искусен комесар на проектот да стојат, како што е Музејот на град Скопје, објаснува Павловска.

Македонски автор никогаш досега не бил забележан и поканет со Соло проект на Венециско биенале.

Македонски автор никогаш досега не бил во светски размери забележан и поканет со Соло проект на Венециско биенале…Уште повеќе даден и посочен простор во централна локација во Венеција на 173 m2 (Palazzo Mora, Space A & Room 2/ Piano Noble/ First Floor) Уште повеќе проектот и неговата презентација да се поддржани од водечки музеј во Њујорк, њујоршки водечки куратор и италијански куратор, објасни Марија.

Редакцијата на „Република“ се обрати до Министерството за култура со цел да добиеме одговор на прашањата дали избраниот кандидат има лична покана од Венециското биенале или од некоја фондација, како што е примерот со останатите двајца кандидати и дали има обезбедено простор, во смисла локација и големина. Исто така побаравме одговор дали навистина комисијата била сменета во последен момент, но до објавувањето на текстот не добивме одговори.

Инаку, Министерството за култура издвојува 4.000.000,00 денари за националното претставување на Венециското биенале, кое ќе се одржи од 9 мај до 24 ноември. Куратор на годинашното издание на Биеналето е Ралф Ругоф, кој ја утврди и генералната тема на манифестацијата: „Може да живееш во интересни времиња“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.