Во текот на месец април 2020 година, Националната галерија покани 50-тина уметници да ни испратат свое кратко видео од самоизолација, креирајќи еден интересен серијал насловен „Уметнички дневник“ со што го приближуваме секојдневието на уметниците до нашите фанови.

Ви ја споделуваме Дијана Томиќ, зборува за се она што ни се случува изминатите два месеци и како таа твори и е продуктивна во целиот овој период.

За авторот

Дијана Томиќ – Радевска е родена во Скопје. Дипломирала во 1984 година на одделот графика на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1985. Студиски престој во Дрезден при Отвореното графичко студио во 1997 година. Од 1999 година е Официјален витез на Академијата ,, Greci Marini,, Вербано, Италија., оддел за уметност.

Предава ументост во СУ ИХС од 2007 година. Изработува дизајни за уникатни рачни ткаени теписи и килими. Работи графика, инсталации, видео и дизајн. Член е и основач на групата Круг.

Добитник е на неколку награди на ДЛУМ, како и на диплома и златен медал на галеријата Модиљани во Милано (1996.), награда Љубомир Белогаски (1996). Самостојни изложби во Скопје( 1998, 1992, 1995,1996, 1998, 2002, 2005, 2010, 2012, 2016), Охрид(1988, 1992, 1995), Гевгелија( 1985), КУманово (1995), Милано (1996), Мастрихт(1997), Ахен ( 1998), Загреб (1999,2012), Битола(1999,2013), Фриментал (2000), Берлин (2006), Љјујорк (2006), Белград (2009), Прилеп (2011, 2016) Селектирани групни изложби во Виена, Букурешт, Скопје, Битола, Сент Николас, Париз, Дрезден, Сан Ремо, Софија, Ваљево, Варна, Офенбах на Мајна, Краков, Шамалие, Подгорица, Нови Сад…, велат од Национална галерија.

🎨Во текот на месец април 2020 година, Националната галерија покани 50-тина уметници да ни испратат свое кратко видео од…

Posted by Национална Галерија – National Gallery – Galeria Nacionale on Monday, May 4, 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.