Косовскиот филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, кој е копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија, освои 3 награди на „Санденс“, најголемиот фестивал за независен филм во САД.

„Улиште“ ги освои најзначајните награди: најдобар филм, најдобра режија и награда од публиката.

Филмот е во малцинска ко-продукција на македонскиот продуцент „Црна мачка продукција”. Со тоа, четврта година по ред, на овој фестивал присутен е проект кој е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.

На „Санденс“ во изминатите години бевме присутни преку филмовите: во 2018 „Види ја ти неа” на Горан Столевски (наградата Најдобар интернационален игран филм во категорија на кратки филмови), 2019 „Медена земја” (Големата награда на Жирито, Најдобар документарен филм и Награда за најдобра кинематографија) и во 2020 „Налепница” на Георги Унковски, каде ја имаше својата светска премиера.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.