На 28 март 2019 година, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи манифестацијата „Учениците раскажуваат“.
Во првиот дел на програмата ученици од ООУ „Коле Неделковски“ од Скопје, ќе читаат приказни од Марко Цепенков а во продолжение истакнатиот писател за деца Стојан Тарапуза ќе настапи со дел од своето творештво. Потоа ќе има разговор за љубовта кон книгата, читањето и за пишувањето.
Средбата ќе се одржи во „Спомен-собата на Миладиновци“, со почеток во 13 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.