На ден 17.03.2019, недела, во 12.00 часот, НУ Турски Театар- Скопје, премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Јунаци од Бајките и Црвенкапа“, која од уметнички, технички и организационен аспект е реализарана од страна на актерите на НУ Турски Театар-Скопје.

НУ Турски Театар – Скопје со оваа претстава ја започнува програмата за 2019 година, со што продолжува со својата квалитетна и продуктивна работа.

По изведба на преставата за деца НУ Турски Театар – Скопје ќе продолжи со полна пареа да работи на проектите добиени од Министерството за Култура за програмата за 2019 година. Министерството за Култура на Република Македонија на НУ Турски Театар – Скопје за 2019 година од буџетот одвои средства за следниве проекти во режија на Васил Христов, Билге Емин и Џабир Доко.

Сегашното раковотство информира дека, додека ја реализира проект програмата за 2019 година, паралелно е во подготовка за одбележување на 70 годишнината на НУ Турски Театар – Скопје во наредната 2020 година.

Улогите ги толкуваат: Црвенкапа – Сузан АКБЕЛГЕ, Пепелашка – Инес РАДОНЧИЌ, Златокоса – Жале ОСМАНЛИ, Снежана – Емине ХАЛИЛ, Вештерката – Зиба РАДОНЧИЌ, Мачорот во чизми – Осман АЛИ, Пинокио – Един ЈАКУПОВИЌ, Петар Пан – Џенап САМЕТ, Библиотека – Фунда ИБРАХИМ, Плакарче – Ријад ТАХИР, Столица – Неат АЛИ, Дрвјата – Фунда ИБРАХИМ, Ријад ТАХИР, Един ЈАКУПОВИЌ, Неат АЛИ, Птиците – Фунда ИБРАХИМ, Неат АЛИ, Ријад ТАХИР.

 Испициент: Ердинч РУШИД, Суфлер: Нериман ШЕНЃУЛЕР, Организатор: Шенхан ЗЕКИР, Декоратери: Зекирја АБДИИзудин БЕГОВИЌ, Мехмет ИСМАИЛ, Суад РАХМАН, Џенгиз ХАЛИЛ,  Булент ХАСАН Тон: Левент ИБРАХИМ, Cветло: Бекир КУБУР, Реквизита: Танкут ИБРАХИМ, Гардероба: Муаља САЛИХИ, Мухамед БАКИОВСКИ, Шминка: Севим Ќерим.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.