НУ Турски Театар ќе ја изведе претставата СРЕЌНА НОВА ГОДИНА по мотиви на Даниил Хармс и Дејвид Ајвс во адаптација и режија на Бојан ТРИФУНОВСКИ на 20. 12. ( четврток ) со почеток во 20 часот на сцената во Театар Комедија. Претставата се изведува со титл на македонски јазик
Уметник кој истражува ЗОШТО светот САКА да се самоуништува, создава ментален простор во кој слободно размислува и твори. Таа негова ментална соба има пијано и во неа тој комуницира со своите претци и наследници, обидувајќи се да одгатне што не тера да работиме против себе. Во неговиот замислен свет, во константна состојба на 5 за 12, пред нова година, 10 масони преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и само-соочување. Човек на човека му е волк, лошо маскиран во ефтин зајачки костим. Лабораторија за самоспознание и за обид да се дефинира процесот на елиминација на непродуктивни идеи во творечкиот ангажман. Човек против нечовечноста во себе. Човек со пијано како метафора против смртта, ќе напише Бојан ТРИФУНОВСКИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.