НУ Турски Театар ќе ја изведе претставата КРАЛ ЛИР од Вилијам Шекспир во режија на Диего Де БРЕА на 10. јануари со почеток во 20 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија, претставата се изведува со титл на македонски јазик.

Драматургија: Диего Де БРЕА, Сибел АБДИУ, Сценограф: Благој МИЦЕВСКИ, Костимограф: Благој МИЦЕВСКИ, Избор на музика: Диего Де БРЕА, Превод: Оздемир НУТКУ, Асистент на режија: Сибел АБДИУ, Дизајн на светло: Диего Де БРЕА.

Улогите ги толкуваат: Џенап САМЕТ, Осман АЛИ, Несрин ТАИР, Ерман ШАБАН, Зубејде АЛИ, Ебру МУСЛИ

-Кралот Лир го истражува човечкото патување во темнините и бездните на смртта. Симнувањето е полно со човечки страв, несигурност и немоќ. Имено судирот со смртта не е оставен на човечкото самоволие. А Лировото заминување во подрачјата на смртната темнина е дотолку поболно и потрагично заради неговото расцепено срце и помрачениот ум. Порано Господ на Земјата, сега најдлабоко понижениот обичен смртник кој се обидува на збогувањето со животот да ја осознае вистината која ќе му ја донесе најтешката пропаст полна со лаги и невистини. Безмислосната болка на сознанието дека бил измамен и изигран го турка во лавиринтот на страдањето кој го удира со нечовечка сила и моќ. Порано сè, сега ништо. Сето тоа е казна на животот, за на крај, ако не и порано, да го преземеш на себе страдањето и низ него да се исчистиш. Лировото заминување е вистинското „danse cadabre“ во кое не е поштеден баш од ништо. Земјата стана гробница, нека го довика некој сонцето!, режисер Диего Де Бреа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.