Симон Трпчески на социјалните мрежи сподели значаен јубилеј-20 години од почетокот на неговата професионална кариера како еден од финалистите на Millennium World Piano Competition во Лондон.

… Искра на еден млад музичар од една мала, но историски значајна земја – Македонија, на една од најважните светски концертни сцени (Royal Festival Hall), како во сон опкружен со Лондонскиот филхармониски оркестар… Премногу добро за да биде вистинито… млад човек кој се стремеше кон таков момент кој што до денешен ден продолжува да биде негова движечка сила за споделување на музичката магија со многу луѓе ширум светот, на концертните сцени и надвор од нив…

Сеќавање на средбата со почесниот покровител на натпреварот, Н.Е. Принцот Чарлс… кој години подоцна, ја сподели радоста во истиот ден за Кралската свадба на неговиот син Вилијам (29.04.2011).

… Моменти што ми го збогатија животот… Благодарен сум им на татко ми и мајка ми и на целата моја фамилија за „маратонот“ што тие го „трчаат“ со мене во текот на сите овие години, како и на моите професори, мојот менаџмент, и на сите искрени пријатели, колеги, поддржувачи и прекрасната публика низ целиот свет, за нивната постојана поддршка која претставува голема инспирација за мојот професионален успех и продолжување на мојата долгогодишна мисија за промовирање на македонската култура на сите континенти, што е нешто што го правам со гордост и од срце!

Исто така, денес е Меѓународен ден на танцот.

Среќен меѓународен ден на танцот!

Да продолжиме да танцуваме!

Да наздравиме за здравјето и добрите сеќавања во животот… и за многу повеќе!

Today,29.04.2020, I am celebrating the 20th Anniversary of my special moment – the start of my professional career as…

Posted by Симон Трпчески on Wednesday, April 29, 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.