Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вечерва  во Букурешт, Романија има концерт, кој е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.

Гости на овој грандиозен настан ќе бидат Македонските репрезентативци кој утре ги очекува дуел со Украина за вториот меч од ЕУРО 2020. Се надеваме звуците на пијаното на Трпчевски ќе помогнат во клучниот меч на Македонските репрезентативци.

Трпчески е верен навивач на македонската фудбалска репрезентација, а својата поддршка на дебитантскиот настап на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020 ја сподели со фотографии од трибините на Националната арената во Букурешт преку својот Твитер профил.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.