Денеска во 17,30 во МКЦ клуб и ресторан во рамки на 46. издание на Млад отворен театар (МОТ) ќе се одржи разговор со авторката на збирката раскази „Мојот маж”, македонската писателка Румена Бужаровска и режисерките Нела Витошевиќ (Македонија), Јована Томиќ (Србија) и Ивана Ѓилас (Словенија) за нивните претстави базирани на дел од расказите.
Македонската режисерка Нела Витошевиќ прва на сцената на Драмски театар ја постави претставата „Мојот маж“ работена по расказите на Бужаровска. Потоа словенечкиот народен театар – Драма Љубљана ја постави „Мојот маж“ во режија на реномираната режисерка и писателка Ивана Ѓилас, а збирката на Бужаровска беше инспирација и за српската режиерка Јована Томиќ која ја постави во култното Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград.
Расказите на Бужаровска испоровоцираа автентични женски театарски видувања и го разбрануваа регионот. Токму за тоа и на други женски теми, денес ќе се разговара во МКЦ клуб и ресторан.
„Мојот маж“ е едно од најчитаните дела во Македонија и во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.