Вкупно 13 ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност кои беа избрани преку конкурс ја украсија катната гарања во „26 јули“ (прво ниво).

Изложбата Skopje street art & graffiti gallery 2 беше отворена вчера, 22 декември (недела).

Галеријата е составена од дела на: Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ирина Атанаскова – Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујисиќ, Тамара Забазноска.

Организатори на овој проект се Младинскиот културен центар и Град Скопје. Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.