Денеска напладне во просториите на Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи трибина на тема „Книжевни манифестации“.

Модератор на трибината ќе биде Христо Петрески, а воведни излагања ќе имаат Мито Спасевски и Игор Крајчев.

На трибината се поканети сите членови на ДПМ да дадат свој прилог кон скенирање на состојбите околу книжевните манифестации во нашата земја, а во име на унапредување на квалитетот на манифестациите и нивниот импакт врз пошироката културна јавност.
Трибината е замислена како редовно годишно тематско собрание на членството на асоцијацијата, соопштија од писателската асоцијација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.