Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/ПРОДУКЦИЈА објави три нови електронски книги.

1. Оперни постери (визуелни речитативи). Традиционална соработка со студентите од Факултетот за арт и дизајн/Европски универзитет Скопје – идните ликовни уредници во домашната и меѓународна уметност и култура.

Изработка на оперни плакати инспирирани од Меѓународниот ден на операта 25 октомври, италијанската опера бел канто (Аида, Травиата, Аида …), оперна (сценска) архитектура.

Визуелни интерпретации – Дигитални цртежи во колор. Автори (студенти): Христијан Младеновски, Афра Кахреман, Марко Милетиќ, Кристина Лалева, Ивона Паноска. Рецензии на Проф. Гордана Вренцоска и научен соработник Елена Макаровска. Иницијатор и уредник Вонреден Проф. Иванка Апостолова Баскар.

ЗБИРКА: Театар и изведувачки уметности.

ISBN – 978-608-4912-07-1

Фејсбук линк (еКнига).

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=PersonalFuturismPublicPolitics&set=a.4210307305672791

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=PersonalFuturismPublicPolitics&set=a.4111191758917680

Јутуб линк (Дигитална изложба пропратена со звукот на грмотевица).

https://www.youtube.com/watch?v=x6mujq-d_xM&t=3s

2. Keword: НЕОЛИТ (инспирација во глина), авторка Славица Стојковска. Визуелна еКнига во два дела со галерија на ракотворби инспирирани од културата на домашниот и светскиот неолит (вазни и минијатурни скулптури).

Славица Стојковска е пензиониран препаратор на одделот за керамика во Н.У. Музеј на Македонија. Таа е самоук керамичар занаетчија, која ги изработува своите предмети, сувенири и ракотоворби без калап, во глина, со нанесување на повеќе техники на патина. Досега соработувала со повеќе општини и организации кои ги користеле нејзините ракотворби како промотивен материјал (подароци) при разни службени средби и состаноци.

ЗБИРКА: Визуелни катарзи

ISBN –  978-608-4912-06-4

Фејсбук линк (еКнига).

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=PersonalFuturismPublicPolitics&set=a.4210311752339013

Јутуб линк (Дигитална изложба пропратена со звукот на кршени коски).

https://www.youtube.com/watch?v=aQvVjtSPfOE&t=1s

3. Работни преводи (извадоци од книгите на словенечките авторки и автори: ИВАНА ПРЕД МОРЕТО – Вероника Симонити, ШТО ЈА ДОНЕСЕ МАГЛАТА – Фери Лаиншчек, КОЈ Е ДЕНЕС ГЛАВЕН – Наташа Конц Лоренцути). Преведувачи од словенечки јазик: Иванка Апостолова Баскар и Викторија Блажеска.

Преводите беа изработени на Меѓународниот семинар за словенечки јазик, организиран од Јавната агенција за книжевност на Р. Словенија во 2020 г.  Целта на оваа еКнига е промоција на стилот, уметноста на пишување, опусот на овие наградени и извонредни писатели за возрасни и млади од Словенија, во редовите на домашната заедница на издавачи, преведувачи и писатели во Македонија.

ЗБИРКА: Од книжевност до сцена.

ISBN – 978-608-4912-05-7

Фејсбук линк (еКнига).

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=PersonalFuturismPublicPolitics&set=a.4212712078765647



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.