Издавачкиот центар „Три“ го објави научниот бестселер „Фактологија“, книга за поинаков поглед на светот.

Зошто расте бројот на жители во светот? Колку млади жени се школуваат? Колкумина живеат во сиромаштија? На овие и на многу други едноставни прашања за глобалните трендови луѓето систематски даваат погрешни одговори. Толку погрешни што шимпанзата, кои случајно би ги избрале одговорите, би имале подобри резултати од новинари, нобеловци и банкарски инвеститори.

Една од најзначајните книги што некогаш сум ја прочитал – незаменлив водич за јасно размислување за светот, вели Бил Гејтс за „Фактологија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.