Издавачкиот центар ТРИ, го објави најновиот роман на писателот Луан Старова – “Цариградски емигрант”, осумнаесеттиот, по ред од, неговата ,,балканската сага’’.
Неуморниот автор, академик Луан Старова, и во “Цариградски емигрант”, успешно продолжува да ја следи и во романескни структури, да ја пренесува,емигрантската сага на своето семејство, која трае од крајот на XIX век до наши дни.
Во овој, тематски повеќеслоен роман, се следат и бурните настани во времето на распадот на Османската империја и создавањето на нова Турција, со бурни историски последици на Балканот.
Старова, романот му го посветува на Али Фети Окјар, познат во историската литература и како Македонецот, кој бил роден во Прилеп, соученик и близок пријател на Мустафа Кемал Ататурк, уште во битолската воена гимназија.
Таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, прв премиер на Републиката, кој останал на високи позиции до крајот на својот живот во 1943 година, бил во роднински врски со централниот лик на ,,балканската сага ’’ на Старова.
За прв пат кај нас , по Мустафа Кемал Ататурк, се расветлува ликот на Македонецот, чиј живот бил поврзан со Македонија и која заслужува намошни истражувања.
Во мошне упатниот поговор, писателот Ферид Мухиќ, меѓу другото, нагласува:

Во романот емиграцијата се открива во сите свои противречности и величественост – како мака и спас, како сигма и како привилегија, за да се кристализира во неспоредливо чувство на метафизички копнеж…Токму во таа и таквата метафизика на емиграцијата емигрантскиот копнеж трепери, проблеснува и добива конкретни контури во романот Цариградски емигрант. Со тоа Луан Старова се промовира како еден од најдобрите познавачи и толкувачи на феноменот на емиграцијата како универзална состојба на човечкиот дух.’

Делата на писателот Старова,се преведувани на дваесетина јазици и според странската критика, спаѓаат во редот на големите европски романи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.