Министерството за култура на Македонија, на 8, 9 и 15 јуни 2021 година во НУ Музеј на современата уметност – Скопје и во ЈУ Младински културен центар (МКЦ), организира промотивни настани на тема „Креативна Европа Дома“ посветени на искуствата во спроведувањето на програмата Креативна Европа – Култура на Европската Унија, како и на нејзината рефлексија на национално и на регионално ниво.

Настаните се организирани од страна на Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма Култура во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Канцеларијата на Креативна Европа – Култура на Република Србија, корисниците на потпрограмата Култура во периодот од 2014 до 2020 година и други партнери.

На 15 јуни, со почеток во 10,30 часот, во ЈУ Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективи на Западен Балкан“, на која ќе учествуваат министерката за култура, Ирена Стефоска, и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, заедно со организациите поддржани од пилот-акцијата на програмата Креативна Европа – Култура посветена на културната соработка со земјите од Западен Балкан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.