Друштвото на ликовни уметници на Македонија  во соработка со Град Скопје , Министерството за култура на Република Македонија и Галеријата на Младинскиот културен центар МКЦ од Скопје организираат трето издание на изложбата „Поместени граници“ оваа година со наслов „Молк за …“ која што ќе се одржи на 22 април (понеделник) 2019 година во Галеријата на Младинскиот културен центар МКЦ  во Скопје со почеток во 20 часот.

Како што ќе каже кураторот на изложбата Александра Зиновски Вилиќ

Проектот „Поместени граници“ се стреми во надминување на традиционалниот модерен приказ во ликовната уметност со тоа што додавајќи му концепт на делото кој говори преку една можеби препознатлива идеја, прави обид, а тоа е всушност и една од основните цели, да ги претстави и доближи кон пошироката публика новите аспекти на уметничкото истражување на различни начини. Овој проект има концептуален карактер, што значи дека се занимава со промислување, преиспитување, анализирање, критикување, лично видување/чувствување на стварноста, на нашето живеење.

На изложбата учествуваат автори членови на ДЛУМ од Р. Македонија како и гости од странство: Моника Мотеска, Зорица Зафировска, Нехат Беќири, Андреј Митевски, ОПА, Антонио Пирковски и Лени вон Гелева, Никола Узуновски, Софија Григориаду од Грција, Ремијон Проња од Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.