Традиционалната поетска манифестација „Скопје чита“ ќе се одржи денеска во Изложбениот салон –Империјал II. На манифестацијата, што ќе се одржи шести пат во два дена, учество ќе земат афирмирани и млади писатели на кои им се дава можност да ја претстават својата уметност со новосоздадени книги, со што им се овозможува афирмирање и истовремено вршејќи едукативна функција.

Ќе се одржат и музички настапи на реномирани музичари како и претставување на активното здружение Book Club-Shkupi. Ќе се чита на македонски, албански и други јазици.

Проектот „Скопје чита” го подготви поетесата Линдита Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.