Со Агенцијата за филм ќе раководи Бојан Лазаревски, реши Владата на денешната седница.
Лазаревски беше член на Управниот одбор на Агенцијата за филм од 2017 до 2020 година, а на оваа позиција доаѓа од работното место раководител на партнерска мрежа составена од кредитни посредници, кои како алатка ги користат услугите на наменските кредити кон крајните потрошувачи.
Тој има долгогодишно искуство во банкарскиот сектор, а во својство на член на УО на Агенцијата за филм ги менаџира одлуките за буџетите за филм. Тој доаѓа на местото директор на Агенцијата за филм по истекувањето на вториот мандат на Горјан Тозија.
Претходно, Државната комисија за спречување корупција побара од Владата да го разреши в.д директорот на Агенцијата за филм, Тозија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.