Графичарката Тонкица Митровска, актерот Јовица Михајловски и сценскиот работник Трајче Величковски се добитници на наградата „Златна рамка“ која ја доделува Друштвото на филмски работници (ДФР) три години по ред за најдобар филмски автор, актер и филмски работник, како дел од фестивалот на македонски филм „Златна рамка“.
Добитник на почесната награда за филмски автор на годината е Тонкица Митровска, дипломиран графичар и претставува една од првите автори кои работат на анимиран филм во Македонија.
Почесна „Златна рамка“ за филмски работник е доделена на Трајче Величковски, човекот кој ја има најценетата позиција како сценски работник, односно техничко лице кое е во тесна соработка со директорите на фотографија. Во изминатата декада работи на најголемите македонски филмски проекти.
Јовица Михајловски, еден од актерите кои има изиграно најмногу улоги во македонските филмови низ овие три децении e добитник на почесна „Златна рамка“ за филмски актер, соопштија од Фестивалот.
Почесните награди ќе им бидат врачени на официјалната церемонија за доделување на „Златна рамка“ која ќе се одржи во сабота, 26.јуни.
„Златна рамка“ годинава се одржува по трет пат, во период од 25 до 27 јуни во МКЦ и Кинотека на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.