Проектот претставува тематска изложба за сличностите и разликите на материјалната култура од два локалитети, од ист период, лоцирани во непосредна близина.

Имено, освен огромниот број типични артефакти од македонскиот неолит, откриени и на двата локалитети, во збирките се забележуваат одредени предмети со исти својства, но со различна изведба и различен изглед. Сличностите во материјалната култура ја означуваат припадноста на локалитетите во големиот културен комплекс на Балканскиот неолит, но, во истото време, големите разлики меѓу одредени предмети упатуваат на негување посебни традиции и појава на одредени идентитети, уште пред 7,000 години. Оваа изложба, за прв пат, после 35 години, ќе ги вклучи неверојатните артефакти од наведените локалитети, и ќе ги спореди меѓусебно, од кои, предметите од Слатина – Зелениково, досега не биле изложени за јавноста. Во тој контекст, во рамките на изложбата ќе бидат претставени неколку категории керамички предмети откриени на локалитетите: антропоморфни и зооморфни фигурини, антропоморфни модели на куќи, жртвеници и садови, велат организаторите.

За организацијата на изложбата и за посетителите на изложбата важат препораките на Владата за мерките против КОВИД-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.