Од утре па до наредниот четврток ќе се изведат шест претстави во рамки на годинешното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар.
Организаторите информираа дека покрај театрите од Македонија ќе гостуваат и театри од Турција, Албанија и Косово.
Годинава фестивалот ќе го отвори претставата на Гостиварскито театар „11-те разбеснети“ со што се исполни нашата желба од фестивалот да изродиме и театар. Публиката ќе може да види квалитетни претстави со што впрочем дојде со селекцијата – соопшти продуцентот на фестивалот, Берат Салиу.
Годинава во големата сала Центарот за култура АСНОМ, покрај гостиварскиот, ќе гостуваат ансамблите на Битолскиот театар, Албанскиот театар од Скопје, Државниот театар од Истанбул, театарот „Андон Заку Цајупи од Корча (Албанија) и театарот „Авдуш Хасани“ од Подујево (Косово).
Организаторите напоменаа дека годинешното издание ќе се одвива според пропишаните ковид-протоколи, а во публика ќе може да бидат лица кои имаат сертификат за вакцина.
Оваа година како и на претходните изданија на фестивалот ќе се доделат награди за: актерка и актер, најдобра претстава и режисер.
Сите претстави почнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е бесплатен.
Директорот на фестивалот, Хајдар Хајдари искажа јавна благодарност до првите луѓе од центарот за култура АСНОМ и гостиварскиот театар за соработката при реализацијата и подготовките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.