Вечерва, 13.07.2021г. (вторник), ќе се одигра театарска претстава „Кармен“ со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Претставата е монодрама на БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ – ПРОЈКОВСКA. Автор е Мигел Делибес, режија и драматизација е на Дејан Пројковски, преводот е на Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф е Раде Василев. Композитор е Горан Трајковски, а претставата е во продукција на Драмски театар.
Претставата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе биде регулиран со влезници по 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот, на влезот на Сули ан, соопштија организаторите.
Вечерва на програмата на Кафе Кино е филмот „ТВИСТ“ (TWIST), 2021, Велика Британија, чија проекција ќе започне во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека на Македонија. Влезот ќе биде регулиран со билети по цена од 100 денари коишто ќе може да се купат на билетара на Кинотека на Македонија, а настанот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.
акциска драма / траење: 90 минути
режија: Мартин Овен
улоги: Роферти Ло, Мајкл Кејн, Сели Колет, Рита Ора,…
ЛОНДОНСКИ КРАДЕЦ ПОРАСНА: Модерна верзија на класичната
приказна за Оливер Твист…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.