По повод Светската недела на детето денеска, први октомври во 10 часот, „Театарот за деца и младинци“ ќе ја одигра претставата „Гига мега бајка“ за учениците од училиштето „Златан Сремац“ и децата од „Завод за рехабилитација на деца и младинци (Топанско Поле)“.

Со овој настан сакаме да ја одбележиме неделата на детето и да ја потенцираме потребата за инклузија на лицата со посебни потреби во сите сегменти на општественото живеење, вклучувајќи ја и уметноста како универзлано сретство за комуникација, велат од ТДМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.