Во наредните три-четири години се очекува Прилеп да добие нов театар. До крајот на годинава треба да биде готов главниот проект, а од 2020 година да почне изградбата на нова театарска зграда во составот на центарот за култура „Марко Цепенков“. Со тоа ансамблот на театарот и градот ќе го реализираат деценискиот копнеж за нов театар, изјави Стојан Дамчески, раководител на ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“, пишува „Нова Македонија“.

Министерството за култура предвидело средства за подготовка на проектна програма, идејно решение и главен проект за изградба на театарот во Прилеп.

Во договор со Министерството и со локалната самоуправа со стручни мислења, утврдивме дека најсоодветно решение за да се изгради театар е во постојната зграда на домот на културата „Марко Цепенков“, во т.н. блок Д, или попознато, на просторот од киното „Мис Стон“ и „Арт-кафулето“. Тој простор е имот на Владата и за него ќе се распише конкурс за идејно решение со комплетна инфраструктура: посебен влез, седишта, посебна сцена, односно, комплетно нов театар, но ќе се вклопи со другиот објект од домот – рече Дамчески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.