Документарниот филм „Театарот Скупи“ на режисерот Владимир Блажевски е примен во официјалната програма на фестивалот за археолошки филм „Firenze Archeofilm”.

Фестивалот ќе се одржи од 11 до 15 март во Фиренца Италија, а филмот на Блажевски ќе биде прикажан на 14 март.

„Театарот во Скупи“ е научно-образовен филм кој го документира комплетниот процес на обнова на римскиот театар, објект од национално, но пред сѐ цивилизациско значење. Паралелно, се обработува и историјата на градот Скупи. Филмот не ги открива само тајните на театарот – тој нѐ воведува во археологијата како наука, а и во конзерваторството како занает.

Идејата на филмот е да се следат и да се документираат активностите, но исто така и да се дефинира точката на средба меѓу далечното минато и сегашноста. Човековата љубопитност, често се манифестира и се задоволува преку феноменот “scenium”. Современиот човек ги дели истите желби и се залага за повеќе или помалку слични цели.

“Театарот во Скупи“ е во режија и сценарио на Владимир Блажевски. Директор на фотографијата е Димо Попов. Продукција на Фокус Покус Филмс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.