Театарот за деца и младинци ќе добие нова зграда, најави заменик-министерот за култура Владимир Лазовски.
– Во овој момент би сакал да најавам дека е започната постапка и изработка на документацијата за изградба на нов објект на ТДМ. Планирано е тоа да биде на централното подрачје, а некаде до мај 2019 година да се заврши со проектната документација – рече Лазовски, кој годинава прославува 25 години кариера во ТДМ како негов матичен театар.
Катерина Илиевска Силјановска, актуелната директорка на ТДМ изрази желба новиот објект да го носи името на нивниот прерано починат колега Игор Маџиров.
Сцената на ТДМ функционира од втори февруари 1990 година и оттогаш создава бајки со поинаков, ведар и магичен дух. Театарот го формираше Љубомир Чадиковски. Неговиот почеток беше неизвесен зашто до 1998 година егзистираше без сопствен простор. Опстана благодарение на вложениот напор и ентузијазам за игра на претставите на различни локации, како Универзалната сала, Салон 19,19, во скопските училишта… Откако се всели во свој простор во центарот на Скопје, театарот доби правец и редовен репертоар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.