На 25 декември во Театарот за деца и младинци (19 часот) е закажана премиерата на детската куклена претстава „Јованче и Марика“. Драматизација е на Дарко Ковачовски и Надја Василева, а режијата е на Давор Драгојевиќ. Претставата е работена според истоимената приказна на Браќата Грим.
Јованче и Марика се најпознатите брат и сестра во литературата за деца. Браќата Грим им подариле ,,вечен” живот. Генерации и генерации растеа со оваа прекрасна бајка која ни ја покажува вистинската љубов помеѓу братот и сестрата,нивната добрина и нивната желба за среќно семејство.
Марика е мила, малку плашлива, Јованче љубопитен, храбар, доаѓаат во ситуација сами да се борат со вештерката,која го маѓепсала нивниот татко. Тука се преплетуваат светот на фантазијата и реалноста. Најважната порака на оваа бајка е дека и во најтешките моменти треба да веруваш во себе.
Дали бајка, во денешниот свет,кога на децата им се нудат најразлични содржини може да опстане? Дали може да ,,парира” на современата технологија, на компјутерските игри,на 3Д анимацијата? Секако дека може и тоа токму во театарот!, вели режисерот Драгојевиќ.
Во претставата играатт: Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков и Ангела Димитрова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.