Театар Куманово, од денеска, па во наредните пет дена, дел од своите детски престави ќе ги постави бесплатно на својот јутуб канал, со цел да им го пополни времето на децата кои не се на училиште, додека траат мерките на Владата за заштита од коронавирус.
Емитувањето ќе почнува денеска во 17 часот со претставата ,,Волшебникот од Оз“ на (https://youtu.be/7nixc4yRxPk), а во наредниот период ќе биде поставена и претставата „Ревизор“.
Директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, Сашо Тодоровски, вели дека целта на поставувањето на онлајн претстави е поддршката на воспитно-образовниот процес на децата, во денови кога не се на настава во нивните училишта.
Сакаме да објавиме претстави коишто се играни во Театар Куманово, засега ќе биде поставена претставата „Волшебникот од Оз“, а планираме да ја поставиме и претставата „Ревизор“, секако доколку има интерес ќе размислиме и за други претстави. Публиката ќе може да ги гледа онлајн претставите, така што ќе влезе на нашиот фејсбук профил и во настаните ќе види кои претстави ќе бидат поставени,-додава Тодоровски.
Преставата „Волшебникот од Оз“, е работена според романот на Франк Лајман Баум, а е во режија на Бојана Краљевска.
Актерска екипа е составена од: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Мартин Лазаревски, Александра Михајловска, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.