Националната установа Театар Комедија денес, 27 март, на Светскиот ден на театарот, го слави и својот 7. роденден.

Седмиот роденден е скромен, но богат јубилеј на театарот, кој во текот на изминативе години прикажа 27 премиери, имаше голем број гостувања низ државава и во странство, освојувајќи значајни фестивалски награди, и е театар со најголем број посетители.

На денот на свеченоста Театар Комедија ќе ја прикаже претставата ,,Не сега драга”, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети како донација за Детската клиника Козле, велат оттаму.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.