Театарот за деца и младинци, в недела на 2 јуни, ќе биде гостин на театарскиот фестивал „Силјан Штркот“ што се одржува во Прилеп.
Со претставата „Грдото пајче“, во Режија на Деан Дамјановски, ТДМ ќе биде гостин на првото издание на овој театарски викенд, посветен на детскиот театар.
Пред почетокот на летото, на 6 јуни нашиот театар ќе гостува и на театарскиот фестивал „Дебарска кукла“ во Дебар со претставата „Дванаесетте месеци “ во режија и текст на Петар Пашов . На 11 јуни Театарот за деца и младинци исто така ќе гостува и на театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ со претставата ,,Том Соер “ во Режија на Деан Дамјановски .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.