На 12 декември Театарот за деца и младинци има убава и голема причина да слави. Ќе се случи 350-та изведба на „Убавицата и ѕверот“. Претставата е рекордно најиграната во Македонија. Веќе 20 години е на редовниот репертоар на театарот. Беше премиерно прикажана во 1998 година на 6 февруари. Оттогаш па до денес ,режијата на Димитар Христов, авторскиот ираз на Игор Бојовиќ, актерите од премиерната изведба Ана Левајковиќ Бошков, Игор Маџиров, Олгица Христовска, Тања Кочовска, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев и Катарина Илиевска Силјановска која подоцна станува дел од екипата, сценографијата и костимографијата на Александар Ношпал, музиката на Славе Димитров и кореографијата Александар Хаџиманов со млада фантазија, љубов и голема духовитост ја сочинуваат една од најуспешните претстави за деца.
Во тој дух, на 12 декември ќе се одигра претставата по среќен, јубилеен пат и потоа следи прослава.
„Ова е театарска приказна со долг, многу долг живот зашто се создава од богата имагинација. Театар за деца и младинци ќе наздравува за уште многу вакви претстави 350-ти пат. Генерации и генерации деца и родители растат продуховени од оваа магија на сцената“, велат од ТДМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.