Се подготвуваме за најдоброто можно сценарио, а тоа е „Струшките вечери на поезијата“ да се одржат во вообичаениот термин и формат на крајот на август, поточно од 26 до 31 август. Секако, со внимание го следиме развојот на ситуацијата на глобално ниво и подготвени сме да одговориме на предизвиците што произлегуваат од ограничувањата што ги наметнува пандемијата на Ковид-19. Во комуникација сме со поетските фестивали од странство со кои имаме воспоставено соработка и коишто се одржуваат во термин близок до терминот на Струшките вечери, и тие во овој момент немаат најави за откажување односно одложување на фестивалот, вели за „Независен“ Тодорче Тасевски, директорот на Фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.