Oва што се случи во театар „Комедија“ беше борба помеѓу две лобија од ист тим, рече во вечерашното гостување во „Што не е јасно“ на Алфа, актерот Сашо Тасевски, поранешен директор на Драмски театар, кој зборуваше за состојбата во културата и поставувањето на нов директор во театар „Комедија“.

Една од првите заложби на СДСМ кога доаѓаа на власт беше и комплетна департизација на државата во сите сегменти, но излезе дека тоа е една од многуте лагите на Заев, остана сè партизирано и мислам дека е кренето на едно повисоко ниво, затоа што сите оние кои мислеле дека допринеле за победата на СДСМ во 2017 година дека заслужуваат да имаат некоја функција. Целата култура е партизирана, не е само еден сегмент. Ова што се случи во театар „Комедија“ беше борба на две лобија од ист тим, така да успееја да избркат еден и си донесоа друг свој човек. Да ставите некој да раководи со тетарот кој не бил дел од тоа, за тоа треба многу занает и многу години искуство поминато во театарот. Но ќе кажам се е во државата негативна селекција , така што компетенциите се она што најмалку се бара, се оди преку партија и резултатот го гледаме во цела држава, рече Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.