Министерот за култура Асаф Адеми синоќа во Домот на АРМ присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на 5-годишниот јубилеј на танцовото студио „Денсерс jунајтед МК“, во чии рамки се одржа хуманитарен инклузивен танцов концерт на кој настапија лица со Даунов синдром и лица со нетипичен развој.

Во своето кусо обраќање пред присутните, министерот Адеми нагласи дека прифаќањето на другиот и почитувањето на различностите претставува голема обврска и грижа на општеството.

Затоа успесите на ова наше танцово студио, кои се резултат на залагањата на сите членови кои со својата енергија, специфичен сензибилитет, со својот талент и креативност вложени во настапите и освоените награди, нѐ прават особено горди во градењето на културниот мозаик на нашата држава. Од тие причини, сакам и лично да ви изразам благодарност за големиот ангажман, за вашиот влог во танцовата сцена и во македонската култура воопшто – истакна министерот за култура.

На танцовиот концерт, кој се реализираше со поддршка од Министерството за култура, беа доделени благодарници на сите поддржувачи на активностите на ова инклузивно танцово студио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.