Денеска (19 часот) во Музејот на современата уметност – Скопје во рамки на филмската програма „Кино-МСУ“ ќе се одржи танцовиот перформанс „Не ми ги допирај очите“ и проекција на танцовиот филм „Дома“на Адријана Данчевска во продукција на Скопје танцовиот театар, со што започнува сезоната на настапи на компанијата.
„Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето!“, вели кореографката Данчевска во најавата за претставата.
Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот настапуваат Адријана Данчевска и Дејан Битровски.
Филмот „Дома“ кореографката и режисерка Данчевска, го означува како „последен пресек, консензусна реалност“. Соработници на филмот се визуелниот уметник Ивана Мојсовска, камерата е на Марко Марјановиќ и Тео Ангеловски, музиката на Claude Debussy, Fierce, Wolfgang Amadeus Mozart, Виктор Филиповски и Бојан Филиповски. Пост продукција на Адријана Данчевска, Тео Ангеловски, Ивана Мојсовска, а во филмот настапуваат Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски и Александра Велкова.
Вечерва проекција ќе има и филмот „Витро“ на Филип Петковски, во независна продукција, а работен според македонски и старословенски ритуали и легенди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.