Македонската современа танцова сцена оваа година одбележува 30 години постоење.

Од тимот на Танц Фест 2020, соопштија дека изготвиле промотивно видео по повод одбележувањето на јубилејот.

Во чест на јубилејот и денешниот ден, на кој беше предвидено да започне 16-от Танц Фест 2020, објавивме промотивното видео кое го подготвивме пред да настане оваа ситуација. На овој начин, сакаме заеднички со публиката и сите наши долгогодишни поддржувачи, симболично да го одбележиме овој ден, наведоа од тимот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.