На синоќешното издание на „Златна бубамара на популарноста” на сцената се качи и екипата на „Медена земја“ која годинава сите не направи среќни со двете номинации за „Оскар“. Тие ја добија наградата за интернационален успех во областа на филмот.
На сцената беше дел од екипата која работеше на филмот како и двете семејства за кои се зборува во филмот: Тамара Котевска, режисерката, Фејми Даут, директор на камера, Атиџе Муратова, како и Љутвие со дел од децата кои преполната сала ги поздрави со стоечки овации и долг аплауз.
Атиџе изведе пред присутните една од своите песни и се заблагодари на сите за убавиот пречек, додека Котевска примајќи ја наградата рече:
Светот се измори од лажни херои и затоа вечерва овие луѓе се на сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.