Филмовите на македонските режисерки Тамара Котевска „Solo Mode“ и на Марија Апчевска „Северен пол“ се во трка за најдобар краток филм на Сараевскиот филмски фестивал кој ќе се одржи од 13 до 20 август.
Филмот „Solo Mode“ на Котевска кој е во копродукција со Турција и САД во Сараево ќе ја има својата светска премиера. Котевска заедно со Љубо Стефанов се автори на документарниот „Медена земја“ кој имаше историски две номинации за Оскар, за најдобар документарец и најдобар странски филм.
Филмот на Апчевска, кој имаше светска премиера во Кан и беше во трка за „Златна палма“ во Сараево ќе има регионална премиера.
Во категоријата на документарците, светска премиера ќе има филмот „Disturbed Earth“, кој е копродукција помеѓу Босна и Херцевина, Шпанија и Македонија. Филмот е во режија на Кумјана Новакова и Гилермо Карерас Канди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.