Директорот на Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, Тодорче Тасевски во „Утрински брифинг“ рече дека поради пандемијата, спремни се за сите сценарија во врска со одржување на СВП.
Ние се подготвуваме за најдоброто сценарио, СВП да се одржат во редовниот термин, но секако подготвени сме и за останатите сценарија, следејќи ги состојбите со пандемијата. Со годинешниот лауреат сме во постојана комуникација, преводот на неговата поезија е во подговка.
„Струшки вечери на поезијата“ е дел од „Фестивалот на надежта“- глобална виртуелна поетска иницијатива во организација на „Версополис“, платформа што обединува 30 европски меѓународни поетски фестивали и којашто е поддржана од Европската Комисија со грант за поголема мобилност на младите европски поети, изјави Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.