Триесеттина поети, гости на „Струшките вечери на поезијата“, денеска го посетија Вевчани и Вевчанските извори.
Во дворот на црквата „Свети Никола“ се одржа поетско матине на кое настапија десетина автори. Посебно внимание привлече поетот Летив Намдаг Јанчивин од Монголија, кој ја прочита антологиската песна од Блаже Конески „Ангелот од Света Софија“ на монголски јазик.
Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва ќе заврши 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал.
Јубилејното издание на најстарата поетска манифестација, се одржува под посебни протоколи за заштита на населението од ковид-19
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.