Свежо испечатениот трилер „Еден од нас лаже“ од Карен М. Мекманус, полн со мистерија, романса, социјална драма и булинг на македонски јазик го издаде „Три“.

Морничавата приказна со многу пресврти навлегува во длабоката вода на лагата и стравот од признавање на вината за едно големо злосторство. Зад сликата на совршенството, тинејџерите во оваа книга лажат. Пцујат. Мамат и изневеруваат. Кријат важни нешта од своите семејства. Онлајн булингот им е секојдневје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.