Вчеравечер, на 24 февруари,  во концертната сала Solquin во Луцерн, Швајцарија, на завршниот концерт на Академијата за современа музика 2023, имаше светска премиера имаше делото „Songs of winds, roots and scattered storms” од македонската композиторка Дарија Андовска, во изведба на извонредната македонска пијанистка Ана Велиновска, за која е напишана оваа композиција и на која ѝ е посветена.

Пијанистката Ана Велиновска

Изведбата на композицијата предизвика одушевување и овации кај публиката.

Во рамките на концертот беа изведени и композиции на едни од најголемите композитори во 20 тиот и 21-виот век, како Salvatore Sciarrino, Toshio Hosokawa, Eliot Carter, Sofia Gubaidulina, Győrgy Kurtág.

Ана Велиновска во моментот е на докторски студии во Белгија и е една од најбараните пијанисти во Европа, специјализирани за изведба на современа музика, а настапува на најважните и најголеми фестивали од оваа област.

Дарија Андовска е една од најплодните и најизведуваните македонски композитори во светот, редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје при УКИМ и на функцијата декан од октомври 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.