Со доделувањето на фестивалските награди, вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20 часот, свечено ќе биде затворено 6. издание на МФФ „Киненова“.
Жирито на официјалната селекција (главна натпреварувачка програма) на овогодишното шесто издание на МФФ КинеНова го сочинуваат-Претседател на жирито: Петар Валчанов, членови: Зане Балчус и Владимир Ангелов, а за кратките филмови на овогодишното шесто издание на МФФ КинеНова одлучуваат- Претседател на жирито: Мехмет Бахадир ЕР, членови: Петар Станојловиќ и Никола Поповски.
Изминативе денови публиката можеше да погледне долгометражни и кратки филмови, но и да ужива во богатата понуда на работилници, панел дискусии, разговори со режисерите.
На последниот ден од Фестивалот ќе биде прикажан филмот COLLECTIVE/КОЛЕКТИВ на Александар Нанау / Alexander Nanau / Романија / НАГРАДА ЛУКС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.