Дебитанскиот филм на македонската режисерка Дина Дума „Сестри“, синоќа го отвори 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој се одржува во Битола и ќе трае до 21 септември.

Отворањето, поради ковид-протоколите првпат беше на отворено, во битолското Пацио во Завод и музеј Битола.

Црвениот килим е неизбежен за секој Фестивал, па така и за „Браќа Манаки“. Но, гостите, пред стапнат на црвениот килим мораше да ги покажат ковид-сертификатите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.