Утре, на 4 март (среда) 2020 година, во 12 часот, во МАНУ, ќе се одржи свечен собир по повод 190 годишнината од раѓањето на Григор С. Прличев.
Григор Прличев е еден од најталентираните и најпродуктивните македонски писатели од времето на борбата за културна преродба. Григор Прличев е роден во Охрид во 1830 година во семејство на екстремно сиромашни луѓе. Кога имал само 6 месеци, татко му умира и оставени се сами на себе – 4 деца, вклучувајќи го и Григор. Григор Прличев го започнува своето образование со помош на неговиот дедо кој го научил како да чита, а подоцна почнува да оди на училиште во Охрид. Наскоро тој станува ученик на многу добро познатиот во тоа време македонски собирач,учител, Димитар Миладинов, и со негова помош тој добива солидна едукација.
Григор Прличев работи како учител одреден период за подоцна да отиде во Атина да студира медицина. Но, тој сака повеќе да пишува и да твори, отколку да студира медицина. Тој се откажува од студиите и се враќа на својата стара љубов. Резултат на неговата љубов е неговата позната поема ,,Сердарот”-1860, со која победи на литературниот конкурс во Атина и доби Ловоров венец.
Книгата е оригинално напишана на грчки, затоа што тој ја напишал во Атина, со цел да учествува на литературниот конкурс.Тој одбива стипендија за Оксфорд и Берлин и решава да се врати во родниот град. Веста за трагичната смрт на Браќата Миладиновци, Константин и Димитар го поттикнува револтиран да се врати назад во Македонија, да учествува во борбата за културна преродба, а против грчкото влијание во црквите, училиштата и др.. Поради неговате патриотски сфаќања и побуди, тој завршува во затвор во Охрид и во Дебар. Работи како учител низ повеќе места во Македонија.
Неговото литературно дело е значајно и поради поемата ,,Скендербег“ како и Автобиографијата.
Григор Прличев ги има поминато, последните години од својот живот во Солун(Солун), каде што ја напишал неговата биографија. Григор Прличев почина во неговиот роден град, Охрид во 1893 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.