Студенти од Универзитетот во Кент во Велика Британија, на којшто предаваше Горан Стефановски, побараа една од зградите на универзитетот да го носи името на нивниот професор.
Горан беше неверојатен човек и неверојатен предавач, па дали има подобар начин да му оддадеме чест, од тоа што ќе ја именуваме новата зграда по него,…Именувајте ја новата зграда на Универзитетот во Кент по Горан Стефановски (Name the new CCCU building after Goran Stefanovski), пишува во онлајн петицијата на студенти од Универзитетот во Кент, на којшто предаваше Горан Стефановски.
Новинарката Маја Петрушевска, пренесе дел од атмосферата во Лондон, во која пријатели, колеги, студенти и семјеството на Стефановски, се простија од великанот.
Во преполната сала исполнета да последното ќоше, седечки и простум, немаше игла каде да се фрли. Со грутки во стомакот, срцето, солзи во очите и со љубов и почит за Горан. Сите, до еден. Неговите студенти започнаа петиција една од зградите на Универзитетот во Кент каде што беше професор ѕвезда, да го носи неговото име. Горан не дочека со Зајди, зајди. Не испрати со Strawberries field forever. Се простивме со Горан. Со национално богатство не може никој да се збогува! А Горан е повеќе од тоа!, напиша Петрушевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.