Во паркот на Младински културен центар (МКЦ) од вечерва ќе има бесплатни филмски вечери. Ова е прво издание на Кино на трева, а ќе се прикажат пет филмови.

Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, на вас останува да си обезбедите место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули, која ќе започне по полноќ, велат од МКЦ.

Вечерва се прикажува „Студена војна“ на Павел Павликовски. Филмот зборува за страствена љубовна приказна меѓу двајца љубовници од различна потекло и темперамент кои отпрвин изгледаат неспојливо, но судбината ги предодредила еден за друг.

Сместен во времето на Студената војна во педесеттите години на минатиот век во Полска, Германија, Југославија и Франција, филмот опишува невозможна љубов во невозможно време.

Улогите во оваа романтична драма ги толкуваат Џоана Кулиг, Томаж Кот, Агата Кулеца, Седрик Кан…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.