Струшките вечери на поезијата ја објави Програмата на претстојното издание на Струшките вечери на поезијата коешто ќе се одржи од 21 до 26 август.
Програмата ја задржува структурата и содржините по коишто се препознатливи Струшките вечери на поезијата, но внесува и новини за коишто се надеваме дека ќе станат препознатлив белег на овој меѓународно признат и познат фестивал.
Една од тие новини е поетската порака што ќе биде прочитана за време на церемонијалниот дел на свеченото отворање од страна на истакнат македонски поет/поетеса. Оваа година, автор на поетската порака е истакнатиот македонски поет Влада Урошевиќ, на кој по повод осумдесет и петгодишниот јубилеј во рамките на Програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет.
Како што веќе претходно најавивме, од оваа година „Струшки вечери на поезијата“ има намера да ја подигне јазичната комуникација на фестивалот како дел од заложбите за унапредување на квалитетот на манифестацијата, нејзиниот меѓународен углед и значење, но и да го унапреди односот кон својата публика и граѓаните. Во таа насока дел од содржините, а особено главните фестивалски читања ќе вклучуваат употреба на повеќе јазици. Освен досегашните македонски и англиски, ќе користиме и албански и француски јазик.
Во рамки на Програмата се предвидени повеќе поетски читања на различни локации на кои ќе се претстават 32 странски и 30 домашни поети од различни генерации.
За да се зголеми удобноста на нивниот престој и да се подигне организациското ниво на фестивалот, оваа година, Струшките вечери на поезијата објави повик за волонтери што ќе сакаат да се вклучат во логистичката поддршка на фестивалот. Повикот е завршен и во тек е селекција на најсоодветните кандидати. Со нивно вклучување сакаме да го подигнеме интересот за Фестивалот кај помладата публика, но и да понудиме можност за нивно дружење и комуникација со некои од најзначајните поетски имиња.
За да се зголеми видливоста и отвореноста на фестивалот, освен директниот пренос на главните фестивалски читања што ќе го врши националната телевизија, ќе биде обезбеден и live streaming на официјален Youtube канал со што ќе се овозможи следење на содржините на фестивалот ширум светот, но и ќе се поттикне интересот на публиката за директна посета на фестивалските настани.
Во таа насока, за да се зголеми достапноста на публиката, планираме да обезбедиме организиран превоз по симболична цена за оние љубители на поезијата коишто поради своите работни обврски не се во можност да присуствуваат на повеќе фестивалски денови. За главните фестивалски настани ќе биде обезбеден превоз од Скопје преку два правци: Скопје-Кичево- Струга и Скопје-Велес-Битола-Струга којшто по завршувањето на настанот ќе овозможи враќање истата вечер.
Од изданијата на Струшките вечери на поезијата, освен монографијата на добитничката на Златниот Венец, романската поетеса, Ана Бландијана, книгата на добитничката на наградата „Мостови на Струга“, Моника Херцег, монографијата „Кој е кој“, четирите буклети во рамки на едицијата Версополис, можеме да ја издвоиме тематската антологија „Арката на Ное“ чиј приредувач е Иван Џепаровски, а чија тема е посветена на местото на поетската претстава на животинскиот свет во современата македонска поезија, поточно во песните на претходните добитници на наградата „Браќа Миладиновци“.
Што се однесува до овогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, жири комисијата, согласно постоечкиот Правилник од пристигнатите наслови го направи изборот од пет книги и автори што ќе бидат претставени на Фестивалот и од кои ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција во рамки на Програмата на Фестивалот.
Листа од пет книги и автори одбрани за наградата „Браќа Миладиновци“ (по азбучен ред според презимето на авторот)
- Митко Гогов, Скриено писмо. Скопје: Антолог, 2019
- Јовица Ивановски, Човек. Скопје: Ј. Ивановски, 2019
- Наташа Сарџоска, Крстна коска. Скопје: ПНВ Публикации, 2019
- Билјана Стојановска, Стан што се распаѓа. Скопје: Галикул, 2018
- Катица Ќулавкова, Мои страсти, мои страданија. Скопје: Три, 2019
Струшките вечери на поезијата го претстави и промотивното видео на фестивалот, коешто е инспирирано од јагулата како мотив, но и од симболиката на копнежот по утоката и нејзиното циклично враќање, поврзана со копнежот на Константин Миладинов изразен во најпознатата песна Т`га за југ. Видеото е во продукција на Зоотроп Студио, по сценарио на Јаков Попоски и креативните решенија на Огнен Танчески, којшто воедно е автор и на графичкиот дизајн и сценографиите на овогодишното издание на Струшките вечери на поезијата.
Музичката подлога на видеото е фрагмент од познатото дело на Сергеј Рахманинов, Прелудиум опус 23 број 5 во G мол.
Ова дело, во изведба на истакнатиот македонски пијанист Дино Имери, ќе биде составен дел од пригодната музичка програма во рамки на Портретот на лауретот што ќе се одржи на 24.08.2019 во катедралниот храм Св. Софија во Охрид.
Програма за Струшки вечери на поезијата за 2019 година
Среда, 21.08.2019
10:00 Садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2019 г.
– „Парк на поезијата“
12:30 Прес – конференција со добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2019 г.
– „Пијано бар“, Хотел „Дрим“
20:30 Официјално отворање на Струшки вечери на поезијата 2019 година
– Плато пред „Домот на поезијата“
21:00 „Поетски меридијани” – Меѓународно поетско читање
– Плато пред „Домот на поезијата”
22:30 Свечен прием на учесниците на СВП 2019 година
– Летна тераса на Хотел „Дрим“
Четврток, 22.08.2019
10:00-11:00 Портрет на Зоран Анчевски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2018 година
– „Пијано бар“ – Хотел „Дрим“
11:00-12:00 Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци” за 2019 година
– “Пијанобар“ – Хотел„Дрим“
12:00-12:30- Доделување на наградата „Стојан Христов” за најдобра поетска книга од поет од дијаспората за 2019 г.
Пијанобар“ – Хотел„Дрим“
12:30-14:00 Симпозиум „Исток/Запад: Балкан/Европа“
– “Пијано бар“ – Хотел „Дрим“
17:00-18:30 Организирано разгледување на Струга
20:00-21:00 Поетски портрети-Влада Урошевиќ
Истек на реката Црн Дрим (,,Галеб“)
21:00-22:00 Претставување на тематската антологија „Арката на Ное“
22:00- 23:00 Кругови (вечер на интернационална поезија)
– Истек на реката Црн Дрим („Галеб”)
00:00 „Ноќ без интерпункција”
-Центар за култура
Петок, 23.08.2018
10:00-12:00 „Матине”, меѓународно поетско читање
– Предворје на манастирската црква „Св. Богородица“, Калишта
12:00-13:00 Посета на пештерските цркви, Калишта
16:00:17:00 Поетско кафе – ВЕРСОПОЛИС – Средба со издавачите и професионалните посетители
– „Пијано бар“ -Хотел „Дрим“
17:00- 18:00 претставување на поетите во платформата Версополис предложени од СВП
-“Пијанобар” -Хотел „Дрим“
18:00-19:00 Дебата : „Улогата на книжевните часописи во дигиталната ера“
– „Пијано бар“ – Хотел „Дрим“
20:00-21:00 Поетски портрети- Богомил Ѓузел
21:00-22:00 Портрет на Моника Херцег, добитничката на наградата „Мостови на Струга” на СВП и УНЕСКО за 2019 година
– Истек на реката Црн Дрим („Галеб”)
22:00-23:00 Вечер на ВЕРСОПОЛИС
– Алтернативна сцена – истек на реката Црн Дрим („Галеб“)
23:00- 00:00 Поетски читања
– Алтернативна сцена – истек на реката Црн Дрим („Галеб”)
00:00 Ноќ без интерпункција
– Музичко – поетски перформанс
– Центар за култура
Сабота, 24.08.2018
10:00-11:00 Поетско кафе со лауреатот на „Златен венец“ на СВП за 2019 г.
Средба со новинарите, издавачите и професионалните посетители
– „Пијано бар“ – Хотел „Дрим“
–
11:00-12:00 Ин мемориам: Ристо Јачев, Вера Чејковска
– „Пијано бар“ – Хотел „Дрим“
12:30:13:30 Прес – конфереција – прогласување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2019 година
-,,Пијанобар“ –Хотел„Дрим“
17:00-19:00 Излет до Охрид и разгледување на културните споменици во градот
19:00-19:45- Поетски портет: Матеја Матевски, 90 години јубилеј-предворје на Св. Софија
20:30 Поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на СВП за 2019 г.
– Црква „Св. Софија“, Охрид
00:00 Ноќ без интерпункција
– Музичко – поетски перформанс
– Летна сцена Центар за култура
Недела, 25.08.2018
10:00:12:30 Излет до манастирот Св. Наум со брод
13:00-13:30- разгледување на комплексот
16:30 In Vino Veritas: прогласување на најдобрата песна посветена на виното
20:30 „Мостови”, меѓународно поетско читање и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа
Миладиновци” и „Мостови на Струга”.
– „Мост на поезијата” – Струга
00:00 Прогласување на добитникот на наградата „Енхалон“
– Прес – центар на СВП во Хотел „Дрим“
Понеделник, 26.08.2018
12:00 Поетско читање во Кавадарци, комплекс на винарската визба Тиквеш
21:00 Меѓународно поетско читање во Музејот на современа уметност во Скопје
Поезија на пат: 26.08.2019 г.
Прилеп
14:00- поетско читање Небрегово-спомен куќа на Блаже Конески
15:00- посета на манастир Трескавец
19:00- 20:30 поетско читање плато пред Центар за култура
Велес
посета на Спомен куќа на Рацин
18:30-19:30 Поетско читање
Куманово
18:30-19:30 Поетско читање- Центар за култура- Куманово
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.